Стареењето не се одвива континуирано, има фази кога се забрзува, покажува истражување

Стареењето не се одвива континуирано, има фази кога се забрзува, покажува истражување

пред 5 месеци

Најновата студија покажа дека стареењето не е процес кој напредува со континуирано темпо, туку дека има најмалку две фази кога се забрзува, имено во средината на четвртата и во текот на шестата деценија од животот.

„Не се менуваме постепено со текот на времето, има некои навистина драматични промени“, вели еден од истражувачите, професор по генетика на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, Мајкл Снајдер, според Тајмс.

Тој додаде дека средината на четвртата деценија од животот е време на вакви промени, како и почеток на шестата деценија.