Ројс се пресели во ЛА Галакси

Ројс се пресели во ЛА Галакси

пред 2 месеци

Марко Ројс (35) по 12 години ја напушти Борусија Дортмунд, а денеска потпиша за ЛА Галакси од САД. Легендарниот германски офанзивец потпиша двегодишен договор.

Ројс пристигна во Борусија во 2012 година од Борусија Менхенгладбах, а се уште играше за Рот Вајс Ален.

Неговата кариера ја одбележаа бројни повреди. За Дортмунд има одиграно 425 натпревари и постигнато 169 голови.

Освои два Купа на Германија и два домашни Суперкупа, а во 2013 и оваа година загуби во финалето на Лигата на шампионите. За германската репрезентација има 48 настапи и 15 голови. Играше на ЕП 2012 и на Светското првенство 2018 во Русија.

Share
Scroll to Top