Северина во Крива Паланка за празникот на градот, Калиопи на „Џој Фест“

Северина во Крива Паланка за празникот на градот, Калиопи на „Џој Фест“

пред 3 месеци

Балканската мега популарна пејачка Северина ќе одржи концерт во Крива Паланка, на 28 август за празникот на градот, а главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“ ќе биде Калиопи која ќе настапи на 24 август, беше најавено на денешната прес конференција во Општина Крива Паланка по повод богатата фестивалска програма за патрониот празник „Свети Јоаким Осоговски“ и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“.

„Крива Паланка како Град на културата за 2024 година е една голема културна сцена на која секојдневно се случуваат настани, а август е месецот кога кулминираат големите фестивалски случувања што даваат посебен ритам и динамика на градот. Културата ја ставаме во функција на општествениот развој и промоција на општината како една од најпосакуваните дестинции во регионот“, посочи градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Големите фестивалските манифестации почнуваат на 20 август со нововоспоставената манифестација „Шопско село“, која ги обединува Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“,што се одржува по 19 пат од 20-23 август, потоа Фестивалот на занаети и ракотворби кој ќе се реализира во истиот период и Фестивалот на храна кој ќе трае од 20-25 август.

За време на оваа манифестација ќе настапат Игор Димовски и Пауза за ракија, како и Елена Андоновска, а на 25 август следува проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12 македонски патриотски песни, во изведба на 12 македонски доајени на народната музика: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Марија Спасовска, Ламбе Алабаковски и Бојана Скендеровски.

Посебна атракција за посетителите е етаблираниот музички фествал „Џој Фест“ кој ќе се одржи на 23 и 24 август. Првата фестивалска вечер е резервирана за концертите на Конкверинг Лајон и Суперхикс, а на 24 август ќе настап Кисити, Парампарчад и Бубњиви и Пси, додека звезда на вечерта е македонската дива Калиопи.

Фестивалската програма ќе кулминира со спектакуларниот концерт на хрватската пејачка и балканска ѕвезда Северина, на 28 август, кога се очекува да собере бројна публика од земјата и соседството. Пред Северина настапува поп пејачот Давид Темелков, а фестивалската сцена ќе ја затворат енергичните и оригинални BRASS Brothers.

Директорите на НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Антони Стојановски и Драган Величковски, како и Мартин Николовски од Организацискиот одбор на „Џој Фест“,носители на манифестациите ги промовираа детално најатрактивните случувања.

Градоначалникот Митовски, пак, подвлече дека во изминатите 5 и пол месеци, Крива Паланка како Град на културата има реализирано над 70 настани со учество на повеќе од 300 уметници, артисти и изведувачи, што ги проследиле повеќе од 10.000 посетители од различни генерации.

Share
Scroll to Top