Во пукање во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина има загинати и ранети, пишува босански „Кликс“.
Pucnjava u Sanskom Mostu, troje mrtvih pic.twitter.com/w8hBrqyBG9
— Nezavisne novine (@NezavisneBL) August 21, 2024
Како што дознава порталот од неофицијални извори, загинале најмалку две лица, и тоа директорот на училиштето и секретарот. Неколку лица се ранети, а напаѓачот пукал и во професорка.
Според босанските медиуми, сторителот е вработен во Мешовитото средно училиште. Од полицијата за „Дневни аваз“ потврдиле дека загинале три лица.
„Пукањето се случило во 10.15 часот. Мажот со автоматско оружје убил тројца вработени во училиштето. По тоа, најверојатно, се обидел да си пресуди и добил тешки физички повреди. Тој е префрлен на Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на самото место“, изјави портпаролот на босанското МВР на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.
Текстот (Видео) Пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина, тројца мртви е превземен од МАКФАКС.






