83-годишен поранешен свештеник на евангелистичка црква бил уапсен од летачката единица на полицијата во Трентино поради наводно сексуално вознемирување седумгодишно девојче, пренесува АНСА.
Според извори од истрагата, мажот е под истрага за сексуални активности со малолетничка и му е одреден домашен притвор.
Поранешниот свештеник беше обвинет за сексуално вознемирување на девојчето додека таа престојувала во заедница во Трентино со своето семејство по потекло од Камерун во декември 2022 година.
Истрагата беше поведена кога волонтер од католичката добротворна организација „Каритас“ изјави за социјалните служби дека таткото на девојчето ѝ се доверил за сексуалното вознемирување што наводно го претрпела ќерка му.
Текстот Свештеник во Италија сексуално вознемирувал седумгодишно девојче е превземен од МАКФАКС.