„Го сакам Синер, но мене би ме уништиле, кој му дозволи да игра?

„Го сакам Синер, но мене би ме уништиле, кој му дозволи да игра?

пред 4 недели

Францускиот тенисер Лоран Локоли се огласи по повод допинг скандалот во кој се најде светскиот број 1, Јаник Синер.

Италијанецот два пати бил позитивен на клостебол, забранета супстанца. Ова се случило во март во текот на Мастерсот во Индијан Велс. На крајот е прогласен за невин, бидејќи контроверзната, недозволена супстанца наводно му ја префрли физиотерапевтот за време на масажа со крем.

Локоли, моментално 460-ти во светот, детално ја коментираше целата ситуација на Твитер.

„Случајот Синер е вистински проблем за чесноста на нашиот спорт. Јас го сакам Јаник и како играч и како човек, тој е скромен и вреден. Сепак, некој како Имер, кој никогаш не бил допингуван, добива два години суспензија, само затоа што не се појавил на тестовите, а правилата се строги. Но Имер никогаш не користел допинг, а сепак доби суспензија. Зошто до вчера никој не знаеше за Јаник. Зошто? Бидејќи постојат разлики, немаат сите ист третман.

Забележувам бидејќи е меѓу најдобрите во светот има разлика во третманот и се било направено зад затворени врати. Да бев позитивен на тестот, веќе ќе бев во дупка две сезони и мојот имиџ ќе беше уништен доживотно.

Халеп, која е Грен слем шампионка, исто така беше позитивна и мораше да ја докаже својата невиност на суд. Но, тоа ја чинеше година и пол од нејзината кариера, но правилата беа испочитувани. Зошто да биде поинаку во овој случај.

Јаник, те сакам како играч и личност, но и да е мала доза на супстанцијата, таа е забранета. Неправедно е кон другите спортисти кои ги следат правилата и се уништени ако им се случи ваква грешка. Третманот не е ист за сите и тенисот уште еднаш го покажува тоа.

Конечно, ова многу му штети на нашиот спорт кој се бори за транспарентност, за спорт кој обединува, а не дели, нес дели, затоа што недостига транспарентност. Правилото мора да биде исто за сите. Останатите играчи се прашуваат како тоа влијаело на неговите настапи, особено во Мајами каде го освои турнирот и како му дозволија да игра. Толку многу прашања и толку малку одговори!“, напиша Локоли.

Share
Scroll to Top