Арсенал го заврши трансферот на Мерино

Арсенал го заврши трансферот на Мерино

пред 3 месеци

Арсенал ќе плати 32 милиони евра за Мерино, плус пет милиони потенцијални клаузули, објави Фабрицио Романо. Тој потпиша договор со Топџиите до летото 2028 година.

За друштвото на Микел Артета ова е второ засилување во овој преоден рок, по доаѓањето на дефанзивецот Рикардо Калафиори. Ова нема да биде прв настап на 28-годишниот играч од средниот ред во Премиер лигата, откако накратко го носеше дресот на Њукасл. Играше и за Осасуна и Борусија Дортмунд.

Мерино беше дел од шпанскиот тим кој неодамна го освои ЕУРО, а се памети неговиот гол во продолженијата против Германија, кој се покажа како еден од клучните на турнирот.

Share
Scroll to Top