Кејт Мидлтон фотографирана во јавност за прв пат по Вимблдон

Кејт Мидлтон фотографирана во јавност за прв пат по Вимблдон

пред 3 месеци

Кејт Мидлтон е фотографирана за прв пат во јавноста откако се појави на Вимблдон.

Фотографите ја снимија во автомобил со Вилијам како оди на миса во црквата Крејти Кирк во Шкотска. Кралот Чарлс, кралицата Камила и принцот Едвард со сопругата и децата се возеле во автомобилот зад нив.

По дијагнозата на ракот, Кејт годинава за прв пат се појави во јавноста на традиционалната парада Trooping the Color, каде дојде во придружба на децата и принцот Вилијам. После тоа, таа се појави на финалето на Вимблдон и ги воодушеви фановите со своето издание.

Во август, Кејт и Вилијам објавија видео на Инстаграм во кое му честитаат на тимот на Велика Британија за нивниот успех на Олимпијадата во Париз, едно од ретките појавувања на принцезата.

Share
Scroll to Top