Роналдо ќе добие уникатна награда од УЕФА

Роналдо ќе добие уникатна награда од УЕФА

пред 3 месеци

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во четврток ќе добие специјална награда од Европската фудбалска унија (УЕФА) за најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња.

Како што е објавено на сајтот на УЕФА, претседателот Александар Чеферин ќе му ја врачи наградата на Португалецот за време на ждрепката за Лигата на шампионите во „Форумот Грималди“ во Монте Карло.

Роналдо постигна 140 гола на 183 натпревари во Лигата на шампионите за 18 години, следен на листата е Лионел Меси со 129 голови, додека Роберт Левандовски е трет со 94 гола.

Роналдо, моментално капитен на Ал Наср пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, во 2008 година со Манчестер Јунајтед, а во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал.

Тој го држи и рекордот по бројот на голови во една сезона од Лигата на шампионите, во сезоната 2013/2014 постигна 17 гола.

Share
Scroll to Top