Газдата на АЕК парично ги казни играчите поради елиминацијата од Ноа

Газдата на АЕК парично ги казни играчите поради елиминацијата од Ноа

пред 2 месеци

Претседателот на фудбалскиот клуб АЕК од Атина ги казни играчите затоа што беа елиминирани од европските купови.

Фудбалерите на АЕК Атина, вицешампионот на Грција, беа елиминацирани од квалификациите за Конференциската лига, од ерменскиот прволигаш Ноа. Ерменците во првото коло беа подобри од Шкендија.

Ноа победи со 3:1 во Ереван, а победата на АЕК од 1:0 во реваншот не беше доволна жолто-црните да ги продолжат квалификациите. .

Сопственикот на тимот Мариос Илиопулос преку потпретседателот на клубот им соопштил на играчите дека од платите ќе им бидат одбиени 350.000 евра.

Во првенството на Грција, АЕК одигра два натпревари, на отворањето на првенството го совлада ОФИ Крит со 3:0, а потоа одигра 1:1 со ПАС Ламија.

Share
Scroll to Top