Европската унија сè уште не направила доволно за да ги зголеми своите капацитети кога станува збор за производство на оружје во услови на глобални закани, вклучително и војната меѓу Русија и Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заштитата на Европа, пред сè, е обврска на Европа. И додека НАТО мора да остане центар на нашата колективна одбрана, ни треба многу посилен европски столб“, рече Фон дер Лајен на безбедносната конференција во Прага.
Таа, исто така, предупреди на мислењето дека Европа направила доволно за безбедноста на почетокот на оваа деценија е „илузија“, додавајќи дека втората половина од деценијата ќе биде со висок ризик, пренесува Ројтерс.
„Ние Европејците мора да бидеме внимателни. Мораме уште еднаш да го фокусираме нашето внимание на безбедносната димензија на сè што правиме. Мора да размислуваме за нашата Унија како суштински безбедносен проект“, заклучи Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.
Текстот Фон дер Лајен: Европската унија мора да го зголеми капацитетот за производство на оружје е превземен од МАКФАКС.