Тен Хаг постави негативен рекорд и порача дека тоа не го загрижува

Тен Хаг постави негативен рекорд и порача дека тоа не го загрижува

пред 3 месеци

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, повторно лошо влегоа во сезоната. Слично како и минатата и оваа ја започнаа со два порази во првите три рунди. Сепак, менаџерот Ерик тен Хаг не е вознемирен.

По неделниот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, втор во првите три кола од Премиер лигата, Холанѓанецот изјави дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе освојуваат трофеи и уште повеќе го навлече гневот на навивачите на англискиот великан.

Јунајтед по почетниот триумф против Фулам (1:0) во претходното коло загуби од Брајтон (2:1) и го повтори неславниот старт на шампионатот од сезоната 2023-24. Така, Тен Хаг стана првиот клупски тренер во историјата кој забележал два порази во првите три рунди, во две последовни сезони. „Црвените ѓаволи“ минатата сезона загубија од Брајтон и Брентфорд.

По репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед гостува во Саутемптон, повратникот во елитното друштво, кој заедно со Евертон е единствениот тим кој се уште нема освоено бодови.

Share
Scroll to Top