Проблем за Реал, се повреди и Себаљос

Проблем за Реал, се повреди и Себаљос

пред 3 недели

Дани Себаљос, синоќа по подолго време се најде во стартиот состав на Реал. „Кралскиот клуб“ со 2:0 го победи поранешниот клуб на Себаљос, Бетис. Играчот од редот за врска нема по добро да го памети натпреварот, се здоби со повреда и подолго време ќе биде отсутен од тимот.

„По извршените тестови денеска од страна на лекарската служба на Реал Мадрид на нашиот играч Дани Себаљос, му беше дијагностицирана истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб“, соопшти клубот.

Според прогнозите фудбалерот ќе биде отсутен помеѓу шест и осум недели.

Повредата на Себаљос дополнително ја влоши ситуацијата во Реал, бидејќи Реал сега има само четворица здрави играчи во редот за врска: Чуамени, Валверде, Арда Гулер и Лука Модриќ. Од претходно поради повреди не играат Џид Белингем и Едуардо Камавинга.

Share
Scroll to Top