Експлозија во Кабул: најмалку шест лица загинаа, 13 се повредени

Експлозија во Кабул: најмалку шест лица загинаа, 13 се повредени

пред 4 месеци

Најмалку шест лица загинаа во експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти тамошното МВР.

„Детали ќе бидат објавени подоцна“, изјави портпаролот на министерството Абдул Матин Каини за Ројтерс.

Тој додаде дека експлозијата се случила во југоисточната област Дарул Аман.

Портпаролот на полициската управа во Кабул, Калид Задран, потврди дека во нападот загинале шест лица, а 13 се ранети.

Текстот Експлозија во Кабул: најмалку шест лица загинаа, 13 се повредени е превземен од МАКФАКС.