Град Скопје предлага помош со изградба на мега парк на опожареното место во Кисела Вода

Град Скопје предлага помош со изградба на мега парк на опожареното место во Кисела Вода

пред 4 месеци

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, велат од Град Скопје.
 
„Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација“, дополнуваат оттаму и додаваат:
 
„На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните“.

Текстот Град Скопје предлага помош со изградба на мега парк на опожареното место во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top