Фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир (27) утрово е изведен пред суд под обвинение за наводен сексуален напад.
Тој заедно со уште еден маж е осомничен за полов напад врз две девојки (25 и 21 година) во раните утрински часови во неделата, во неговиот стан во Батера, Валенсија.
Според досега познатите детали, Мир и неговиот пријател запознале две девојки во познат ноќен клуб, а потоа заедно со такси се упатиле до неговиот стан, каде што наводно се случил сексуалниот напад во раните утрински часови.
Rafa Mir y su amigo salen de la Comandancia de la Guardia Civil
El jugador declara en los juzgados de Llíria pic.twitter.com/VHBb2Qcazw
— nostresport.com (@Nostresport) September 4, 2024
„Иако имал секс со една од повредените девојки, на што и таа се согласила во една од собите, фудбалерот ја фрлил другата девојка во базенот откако имал секс со нејзината пријателка и сексуално ја нападнал, прво во базенот, а подоцна во бањата во станот“, пишуваат шпанските медиуми.
Девојките потоа, видно вознемирени и полуголи го напуштиле станот, а според соседите, непосредно пред тоа од станот во кој се наоѓале се слушала врева и расправии. Полицијата во понеделникот го уапсила фудбалерот, а ден подоцна и неговиот пријател, под обвинение за сексуален напад.
Веднаш по трауматичното искуство, девојките отишле во болница, таму раскажале што им се случило, а протоколот за сексуален напад по закон автоматски бил активиран. Потоа поднеле пријава за полов напад против Мир и уште еден маж.
Судбината на фудбалерот и неговиот пријател сега е во рацете на судијата кој врз основа на сведочењето на овие двајца ќе донесе одлука во која насока ќе се поставува во овој случај.