Во рускиот напад врз Лавов убиени мајка и три ќерки

Во рускиот напад врз Лавов убиени мајка и три ќерки

пред 2 години

Русија изврши ракетен напад врз главниот град Киев и напад со беспилотно летало врз западниот град Лавов, недалеку од границата со членката на НАТО, Полска, соопштија украинските воени претставници, а единиците за противвоздушна одбрана се обидуваат да ги одбијат нападите.

Во Лавов, изјави украинскиот парламентарец Олексиј Гончаренко, речиси цело семејство е убиено.

„Русија денеска во Лавов уби речиси цело семејство. Жив е само човекот на оваа фотографија. Неговата сопруга и трите ќерки загинаа во својот дом“, напиша тој.

Градоначалникот на Лавов објави дека во рускиот напад загинале мајката Јевхенија и нејзините три ќерки Јарина, Дарина и Емилија.

Најстарата Емилија имала само 21 година и работела во кабинетот на градоначалникот на проектот „Лавов – престолнина на младите“ во 2025 година.

Текстот Во рускиот напад врз Лавов убиени мајка и три ќерки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top