Бергвајн: Додека Куман е селектор нема да играм за Холандија

Бергвајн: Додека Куман е селектор нема да играм за Холандија

пред 2 недели

Фудбалската јавност во Холандија се разгоре откако селекторот Роналд Куман го отпиша Стивен Бергвијн поради преселбата во Саудиска Арабија.

„Бергвајн замина во Саудиска Арабија на 26 години. Ако имаш 26 години, најважна е да имаш спортски, а не финансики амбиции. Можеше да остане во Ајакс, нели? Прилично сум сигурен дека Ајакс ги плаќа играчите добро, исто така“, им кажа Куман на холандските новинари во пресрет на натпреварите со Босна и Херцеговина и Германија во Лигата на нации.

Три дена, по изјвата на Куман, со жесток коментар се огласи Бергвајн.

“Не сакам никогаш повеќе да играм за Роналд Куман. Нема да играм за некој кој ме оцрнува како што тоа го правеше во медиумите”, изјави Бергвајн и додаде:

„Точно е дека имам 26 години, но што значи тоа, дека вакви одлуки можеш да носиш само кога имаш 32 години? Напредувам во секој поглед, стојам зад мојата одлука и среќен сум поради тоа. Можеше да ми се јави, да слушне што имам да кажам, од каде го доби правото да кажеува такви работи за мене, без претходно да разговара со мене?“, изјави Бергвајн.

Бергвајн потсети дека Куман и претходно давал лоши изјави за своите играчи, поточно за младиот напаѓач Брајан Броби.

„Претходно јавно го кажа своето мислење за Броби. И тоа не беше убаво и подоцна самиот рече дека не постапил правилно. Нотој така се однесува кон своите играчи. Ако продолжи вака, ќе го изгуби целиот кредибилитет“, изјави Бергвајн.

Share
Scroll to Top