Пласманот во главната фаза во ЛШ им ги наполни касите на Динамо и Црвена звезда

Пласманот во главната фаза во ЛШ им ги наполни касите на Динамо и Црвена звезда

пред 2 недели

Регионалните фудбалски великани, Динамо Загреб и Црвена звезда ќе ги наполнат буџетите со самото учество во главната фаза, во Лигата на шампионите.

Платформата „Football Metts Data“, објави сумите што ќе ги добие секој од 36.учесници во Лигата на шампионите. Сите клубови учесници во Лигата на шампионите добиваат по 18. 620.000 евра, а парите од маркетингот во износ од 853.000.000 се поделени на 36 адреси.

Стартниот приход е 18.620.000 евра, Црвена звезда ќе добие бонус од 6.850.000 евра, а Динамо Загреб 3.000.000 евра повеќе.

Ова значи дека Динамо со самото упество ќе обезбеди 28.483.000 евра, а Црвена звезда 25.473.000 евра.

На листата од 36 екипи, Динамо се наоѓа на 30., а Црвена звезда на 33.место.

Ова се само фиксните суми, клубовите дополнително ќе заработат од резултатите што ќе ги постигнат на теренот (2.100.000 евра за победа, 700.000 за реми, плус УЕФА ќе подели парични награди за конечниот пласман).

Share
Scroll to Top