Адријан Њуи стана дел од Астон Мартин

Адријан Њуи стана дел од Астон Мартин

пред 2 месеци

Легендарниот дизајнер Адријан Њуи му се приклучи на Астон Мартин, потврдија од британскиот тим.

65-годишниот дизајнерски гуру го најави своето заминување од Ред Бул пред неколку месеци. Претходните 19 години тој беше дел од тимот од Милтон Кејнс.

Меѓу другите, за Њуи беа заинтересирани Ферари, Мекларен и Мерцедес, но на крајот тој потпиша договор со Астон Мартин, според кој ќе заработува 20 милиони фунти годишно

Вистинската легенда на Формула 1 работеше за Вилијамс и Мекларен пред да пристигне во Ред Бул. Во текот на неговата богата кариера, болидите кои ги дизајнираше освоија вкупно 12 титули во конкуренција на возачи и 13 кај конструкторите.

Иако се чинеше дека Ферари ќе успее да му се додворат на Њуи, особено поради фактот што следната година во тимот ќе го имаат Луис Хамилтон, тој сепак одлучи да остане во Велика Британија. Се очекува многу брзо да почне да работи на болидот на Астон Мартин, не за следната сезона, туку за болидот во 2026 година кога ќе стапат на сила новите прописи.

Следната трка во Формула 1 се вози претстојниот викенд за Големата награда на Азербејџан.

Иако на почетокот се чинеше дека заминувањето на Њуи нема големо влијание врз Ред Бул, австрискиот тим предводен од Макс Ферстапен претрпе порази не само од главениот ривал Мекларен, туку и од Мекларен и Ферари. Холанѓанецот, бркајќи ја четвртата титула по ред, има 62 поени предност пред Ландо Норис од Мекларен.

Share
Scroll to Top