(Видео) Бројот на загинати од тајфунот Јаги се искачи на 127

(Видео) Бројот на загинати од тајфунот Јаги се искачи на 127

пред 1 месец

Тајфунот Јаги, лизгањето на земјиштето и поплавите предизвикани од оваа моќна природна катастрофа однесоа најмалку 127 животи, 764 лица се повредени, а 54 лица се водат за исчезнати во северен Виетнам, соопшти денеска Службата за итни случаи на земјата.

Повеќето од луѓето загинале во лизгање на земјиштето и поплави, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.

Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час.

Вчера се урна мостот на надојдената река во провинцијата Фу То. Неколку возила паднале во реката, а три лица биле спасени и пренесени во болница.

Тајфунот Јаги беше најсилниот што го погоди Виетнам во последните неколку децении, а во саботата ја опустоши земјата со удари на ветер до 149 километри на час. Во неделата ослабна до тропска бура, но метеоролошката агенција на земјата сепак предупреди дека континуираните врнежи може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.

Текстот (Видео) Бројот на загинати од тајфунот Јаги се искачи на 127 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top