Пјастри ќе му помогне на Норис во борбата за титулата

Пјастри ќе му помогне на Норис во борбата за титулата

пред 1 недела

Тимот на Мекларен побара од Оскар Пјастри да му помогне на тимскиот колега Ландо Норис во борбата за шампионската титула во Формула 1.

Шампионатот продолжува викендов со Големата награда на Азербејџан.

„Целокупниот концепт е дека ние сме неверојатно решени да ја освоиме титулата, но сакаме да победиме на вистински начин“, изјави директорот на тимот на Мекларен, Андреа Стела за Би-би-си.

Норис заостанува 62 поени зад лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен од Ред Бул, до крајот на сезоната еден возач може да освои максимум 232 поени. Пајстри е четврти со 106 поени помалку од Ферстапен.

„Ние ќе го поддржиме Ландо, но сакаме да го направиме тоа без премногу да ги загрозиме нашите принципи. Нашите принципи се дека тимот е секогаш на прво место. Спортскиот дух ни е важен додека се тркаме, сакаме да биде гер кон двајцата возачи“, изјави Стела.

Досега, Мекларен им дозволуваше на Норис и Пјастри да се тркаат еден против друг. Промената во политиката кон изнаоѓање начини за зголемување на шансите на Норис за освојување на титулата дојде по серијата состаноци меѓу шефовите на Мекларен и возачите по Италијанското ГП во Монца пред две недели.

Норис беше на пол-позицијата во Монца, но Пјастри го претекна во првиот круг, по што возачот на Ферари, Шарл Леклер се најде меѓу двата болида на Мекларен и на крајот победи. Пјастри беше втор, а Норис трет, додека Ферстапен го освои шестото место.

„Она што не сакаме повеќе да го гледаме се ситуации каква што беше онаа во Монца, каде во првата шикана влеговме како први и втори, а излеговме како први и трети, тоа не е добро за тимот. Интересите на тимот се на прво место. а тоа се ситуации кои пред се треба да ги поправиме бидејќи, всушност, начинот на кој влеговме во трката во Монца овозможи таков исход“, изјави Стела.

Мекларен ќе му помогне на Норис во борбата за титулата, но многу е пореална бпрбата за титулата меѓу конструкторите. Мекларен заостанува осум бода зад Ред Бул, Ферари е трет со 31 бод помалку од Мекларен.

Трката за Големата награда на Азербејџан се вози во недела од 13:00 часот.

Share
Scroll to Top