Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

пред 10 месеци

Филипче продолжува да биде против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако опозициската партија обвини дека парите од унгарскиот кредит се кинески. 

„Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање.

Небулозите за тоа дали биле кинески или афрички пари доволно е СДС да поседува елементарна писменост за да дознае. Ваквата состојба на тотална безидејност ја тера СДС да критикува само колку да критикува и постојано да употребува ќорфишеци. Ја разбираме кризата во СДС, но нема да дозволиме со себе да ја повлечат и Македонија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари е превземен од МАКФАКС.

Share