Фудбалерите на Вардар, на дебито на новиот тренер, освоија бод во дуелот со Гостивар. Вардар се наоѓа на делбата од деветта до 12.позиција. Гостивар е една од трите екипи кои се уште не загубиле, со девет поени се наоѓа на петтата позиција.
Гостивар во Маџари го пречека Вардар. Алдаир им донсе предност на „домаќините“, а изедначи Босанчиќ од слободен удар во 85.минута.
Со резултат 1:1 завршија дербито меѓу Шкупи и Шекндија и натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Струга.
Работничи го победи Тиквеш со 3:1, АП Брера со 3:2 славеше вп дуелот со Беса, а Слекс во Охрид ја победи Воска со 3:0.