На Трамп му се суди за поткуп на порно ѕвезда, се чека одлуката на поротата

Осомничениот за обидот за убиство рекол дека Трамп го разочарал како претседател и дека сака да ги направи Американците робови

пред 4 месеци

Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен поради безбедносен инцидент на Флорида, што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, има богато криминално минато и исклучиво ги поддржува демократските кандидати од 2019 година, јавуваат американските медиуми.

Според „Њујорк пост“, Раут, кој е од Северна Каролина, често објавувал коментари за политиката на социјалните мрежи, а во април на мрежата Х напишал дека „демократијата е на гласачкото ливче“ оваа година.

„Не можеме да загубиме“, напиша тој повторувајќи ја реториката против Трамп, според весникот.

За Трамп рече дека го разочарал како претседател и дека „сака да ги направи Американците робови“.

Текстот Осомничениот за обидот за убиство рекол дека Трамп го разочарал како претседател и дека сака да ги направи Американците робови е превземен од МАКФАКС.