Нова експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена

Нова експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена

пред 4 месеци

Во градот Келн на западот на Германија денеска вторпат за само неколку дена одекна мала експлозија.

Експлозијата се случила околу 5 часот по локално време на улицата Еренштрасе во центарот на градот, соопшти полицијата. Експлозијата предизвикала пожар, но тој бргу бил изгаснат, соопшти полицијата. Од таму додадоа дека едно лице, кое се обидело да го изгасне пламенот, избегнало повреда и подоцна било сослушано како сведок, а никој друг не е повреден.

Полицијата на социјалната мрежа „Икс“ објави дека е „на местото на настанот со голем контингент полицајци“ и дека „областа се затвора“. Граѓаните беа повикани да ја избегнуваат областа во близина на местото на експлозијата.

Текстот Нова експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена е превземен од МАКФАКС.