Патувањето околу светот со крузерот „Викинг сан“ ќе трае 245 дена

Aмериканка продала се’ што има за да патува низ светот со крузер, па и било забрането да се качи на бродот

пред 2 месеци

Американката Џени Феникс го продала својот имот за да патува низ светот со брод за крстарење. Но, решила да ги откаже своите планови, бидејќи и било забрането да се качи на бродот. Причина? Жалба во пораките на WhatsApp.

Џени Феникс (68) од Флорида го продаде целиот свој имот за да помине три години на крстарењето „Villa Vie Odyssey“, патувајќи низ светот. Но, нејзините соништа брзо се рушат бидејќи и е забрането да се качи на бродот за крстарење. Причина биле пораките кои ги праќала преку апликацијата за комуникација WhatsApp, пренесува „Индекс“.

Во група на WhatsApp, таа го изразила своето разочарување поради четиримесечното одложување на заминувањето што го нарушило нејзиниот план да ги земе нејзините работи од Мајами. Таа, исто така, изразила загриженост дека работата на бродот може да продолжи и по заминувањето, поради што би била приморана да користи привремена кабина. По испраќањето на пораките, таа била информирана дека договорот и е раскинат поради „однесување кое негативно влијае на моралот на заедницата“.

Кети Вилалба, главен оперативен директор на линијата за крстарење, рече дека добиле десетина поплаки поради негативниот став на Џени. Американката, сепак, тврди дека никогаш не била груба и дека тоа биле приватни разговори. Според неа, фрустрацијата на патниците ескалирала поради постојаните доцнења, а многумина и се заблагодариле што поставувала важни прашања во нивно име, се додава.

Share
Scroll to Top