Хајди Клум и Софија Вергара позираа заедно на црвениот тепих во Пасадена пред снимањето на финалето на шоуто America’s Got Talent, во кое тие се во улога на членови на жирито.
51-годишната поранешна манекенка и 52-годишната актерка насмеани им позираа на фотографите, а со своите изданија го привлекоа вниманието на црвениот тепих.
Хајди позираше во долг фустан со светки, додека нејзината колешка од шоуто избра тесен фустан со длабоко деколте. Нивната појава предизвика воздишки.