Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер: Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој

Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер: Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој

пред 4 месеци

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави, кои имаат потпишано спогодба за развојна соработка помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Словенија и имаат формирано заедничка мешовита комисија за билатерална соработка.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.

Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ-интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.

Меѓу другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.

Текстот Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер: Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој е превземен од МАКФАКС.