Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка

пред 8 часа

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома.

Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.

Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.

Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.

Share
Scroll to Top