Бањаја го победи Мартин во спринтот на ГН Емилија Ромања

Бањаја го победи Мартин во спринтот на ГН Емилија Ромања

пред 9 часа

Актуелниот светски првак Франческо Бањаја победи во спринт трката, во пресрет на Големата нграда Емилија Ромања. Перфектниот ден на Дукати го комплетираа Хорхе Мартин, возачот на Прамак и Енеа Бастијанини возачот на фабричкиот тим.

Спринтот не донесе никакви возбудувања. Можат да се издвојат два моменти во кои актер беше лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин.

Шпанецот имаше одличен старт, од втората позиција се катапултираше пред Бидер, Бањаја и Бастијанини. Италијанците од Дукати веднаш си ги вратија своите позиции и од тој момент ја започнаа потерата по лидерот.

Шпанецот направи грешка во седмиот круг и му ја препушти првата позиција на големиот ривал Бањаја.

До крајот немаше промени во поредокот.

Во првите десет спринтот го завршија: Марк Маркез (Гресини Дукати), Педро Акоста (ГасГас КТМ), Бред Биндер (КТМ), Фабио Квартараро (Јамаха), Марко Бецеки (ВР46), Франко Морбидели (Прамак Дукати), Маверик Вињалес (Априлија).

Големата награда Емилија Ромања се вози утре од 13 часот.

Share
Scroll to Top