Димитирјевиќ: Идол ми е Теодосиќ, но навивам за Партизан

Димитирјевиќ: Идол ми е Теодосиќ, но навивам за Партизан

пред 2 месеци

Најдобриот македпнски кошаркар, Ненад Димитријевиќ импресивно ја започна сезоната. Со Милано го освои Суперкупот на Италија, а тој беше прогласен за МВП.

проговори за своите идоли, Милош Теодосиќ и Партизан.

Тој во интервју за „Еурохопс“ зборуваше за повеќе теми, откри дека идол му е Милош Теодосиќ, но од мал навива за Партизан.

„Гледам кошарка 24/7, навлечен сум. Теодосиќ отсекогаш ми бил омилен играч, секогаш сум го гледал многу. Исто така и Спанулис”, изјави Димитријевиќ.

26-годишниот скопјанец имаше можност да игра против Теодосиќ во Еврокупот, кога српскиот ас ги бранеше боите на Виртус од Болоња. Тогаш му се оствари сонот да игра против својот идол. Во интервјуто откр кога се 2вљубил“ во Теодосиќ.

„Тоа не беше натпревар во Евролигата, тоа беше Светското првенство во 2010 година кога тој постигна тројка со звукот на сирената од десет метри за победа против Шпанија“, објасни Димитријевиќ.

И тоа што идол му Теодосиќ, омилен тим на Димитријевиќ е Партизан.

„Се сеќавам на четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата во 2010 година помеѓу Партизан и Макаби. Партизан водеше со 2:1: ако победи, оди на фајналфор“, изјави Димитријевиќ и продолжи:

„Отидов на тој натпревар во Белград. Се ежам кога секогаш кога зборувам за тоа. Тоа беше најневеројатниот натпревар во мојот живот“.

Димитријевиќ ќе игра против „својот“ Партизан на 15 ноември, кога Милан доаѓа во главниот град на Србија.

Share
Scroll to Top