Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, денеска, изјави дека Американците во Либан треба да ја напуштат таа земја додека сè уште се достапни летовите поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хезболах по должината на израелско-либанската граница.
„Сакаме со сигурност да кажеме дека сè уште има комерцијални летови за Американците да заминат, а оние што се во Либан треба да заминат сега додека тие опции се сè уште достапни“, рече Кирби за Еј-би-си додавајќи дека американските власти се во постојан контакт со своите израелски колеги, пренесува „Ројтерс“.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека, според новиот биланс, од понеделникот во израелските напади врз Либан загинале 558 лица, од кои 50 се деца, а 94 се жени, а 1.835 лица се ранети, пренесува „Танјуг“.
Текстот Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Либан додека сè уште се достапни летовите е превземен од МАКФАКС.