Германија одби да ги испорача моќните крстосувачки ракети Таурус на Украина, тоа е само почеток на проблемот

Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

пред 2 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија нема да ги укине ограничувањата на Украина за напади од западно оружје на руска територија.

„Јасно е дека ние секогаш сме многу фокусирани да го поддржиме она што навистина помага и што е неопходно… Ова го подразбира и фактот дека Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел. Ова не зависи од мојот личен став. Тоа нема да го направиме, а имаме добри причини за тоа“, им рекол Шолц на новинарите непосредно пред средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Њујорк, пренесува Тагешау.

Истовремено, тој ја повика ЕУ итно да и ја обезбеди на Украина ветената финансиска помош од 35 милијарди евра.

„Ова е важно за да можат да придонесат и пријателите во Канада, САД, Велика Британија и Јапонија“ додаде германскиот канцелар.

Шолц рече дека неговата позиција нема да се промени дури и ако САД ги укинат ограничувањата.

Текстот Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top