Семејна драма се случи утрово на Сардинија кога мажот Р. Г. (52) ги убил сопругата и двете деца, а ранил уште три лица.
Според медиумите, мажот отворил оган во две куќи во Нуор по што се самоубил.
Првин ги застрелал сопругата (43) и ќерката (26), а потоа пиштолот го насочил кон уште две деца (9 и 14). Тој пукал и ранил и сосед.
Мажот потоа отишол во куќата на својата мајка и пукал во неа, при што тешко ја ранил во главата. По тоа, извршил самоубиство.
По неколку часа во болница, починало уште едно од неговите деца (9).
Според медиумите, тој и неговата сопруга биле разделени. Живеел во куќата на мајка си.
Полицијата и брзата помош бргу пристигнале на местото на настанот. Истрагата продолжува, соопшти полицијата, а оружјето со кое е извршен масакрот сè уште не е пронајдено.
Текстот Семеjна драма на Сардинија: ги убил сопругата и двете деца, ја застрелал мајка си во главата е превземен од МАКФАКС.