(Видео) Фенербахче им забрани на кошаркарите да играат за Турција додека селектор е Атаман

(Видео) Фенербахче им забрани на кошаркарите да играат за Турција додека селектор е Атаман

пред 7 часа

Кошаркарскиот клуб Фенербахче им забрани на играчите да играат за турската репрезентација, се додека селектор е Ергин Атаман.

Причината се гестикулациите на Ергин Атаман на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Панатинаикос и Галатасарај.

Тој со раце ги покажа бројките три и еден, алудирајќи на резултатот од фудбалскиот натпревар меѓу Галатасарај и Фенербахче (3:1) одигран во саботата.

„Целта на овој човек е јасна, со неговиот карактер, став и стил, а она што го направи пред милиони гледачи е во целосна спротивност со неговиот идентитет како селектор на репрезентацијата. Репрезентацијата е наша репрезентација. Секој кој е дел од тимот мора да биде свесен за ситуацијата и да биде одговорен. Овој потег е големо непочитување кон нашата заедница, кон угледот на селекторот, па дури и кон нашата земја.

Ја информираме јавноста дека одлучивме да не испраќаме спортисти во машката репрезентација за време на неговиот мандат на оваа позиција, за што се потребни квалитети како што се респектабилност и непристрасност!“, се вели меѓу другото во соопштението на Фенербахче.

Атаман се извини, но очигкедно е дека од Фенербахче извинувањето не го прифатиле.

Share
Scroll to Top