(Видео) Симеоне до Куртоа: Кога славиш гледај во тревата немој да провоцираш

(Видео) Симеоне до Куртоа: Кога славиш гледај во тревата немој да провоцираш

пред 6 часа

Тибо Куртоа е најголемиот виновник за инцидентите поради кои на 15 минути беше прекинато градското дерби меѓу Атлетико и Реал.

Од таборот на Атлетико, го осудија потегот на дел од навивачите и посочија дека проблемите во градското дерби почнале кога Белгиецот бурно го прослави голот на Едер Милитао во 64.минута, а потоа продолжи со гестикулациите, што предизвика бес на трибината каде се наожаат ултрасите на Атлетико.

„За да не се повторуваат вакви работи треба да помогнеме. Вклучувајќи ги луѓе кои фрлаа запалки на теренот, исто како што се случи на дербито на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кога Куртоа бранеше за нас и беше погоден во главата. Тоа не беше во ред. А можеби ние како протагонисти не помагаме кога ги потценуваме луѓето. Ги навредуваме, ги провоцираме и потоа тие луѓе се лутат“, изјави Диего Симеоне, потсетувајќи на инцидентот од 2013 година кога Куртоа беше на спротивната страна, а навивачите на Реал го погодија во главата.

„Народот нема друг начин да го изрази своето незадоволство освен на лош начин. Не е добро, сепак, мора да се погрижиме да ги смириме тензиите. Во ред е да се слави гол, но не мора да се слави со провокации кон трибините, со гестикулирање во насока на навивачите. Можете да гледате во тревата. Претпоставувам дека знаете дека луѓето се лутат. Тие не го прават тоа сами. Ние актерите им даваме причина. Секако, не го оправдувам однесувањето на нашите фанови, но не го оправдувам ниту првичното однесување на актерите, што доведе до ова. Мора да се признае, ние секогаш сме жртви“, подвлекува Чоло.

Камерите го фатија Аргентинецот како доаѓа на трибините на паузата и бара од навивачите да се смират.

„Мораме да се обидеме да идентификуваме кои се овие луѓе, за да не се вратат на стадионот. Не ни требаат такви луѓе, туку луѓе кои ќе навиваат за тимот“, изјави тренерот на Атлетико.

Share
Scroll to Top