Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ

Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ

пред 2 месеци

Францускиот репрезентативец, Усман Дембеле е исфрлен од тимот на ПСЖ и нема да игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал, пишува новинарот на „РМЦ Спорт“, Фабрис Хокинс. Дембеле и тренерот на францускиот шампион Луис Енрике се скараа по првенствениот натпревар со Рен, во кој ПСЖ победи со 3:1.

Дембеле одигра добар натпревар, асистираше за првиот гол и ја напушти играта во 82. минута. Но, во текот на тој меч тренерот на Париз, тренерот Енрике, неколку пати беснееше во својот технички простор бидејќи неговиот крилен напаѓач не го слушаше во неколку акции.

На седум натпревари сезонава тој постигна четири гола и забележа четири асистенции. Дембеле има 27 години и треба да биде најголемата ѕвезда на клубот по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Ова не е прв пат француски фудбалер да има проблеми со дисциплината. Во текот на неговата кариера, од Рен преку Борусија Дортмунд и Барселона, тренерите имаа одредени проблеми со него. Во Барселона, на пример, еднаш беше казнет со 100 илјади евра затоа што доцнеше два часа на тренинг.

Барселона го донесе од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра во 2017 година. Не се покажа како засилување, туку разочарување, голем потенцијал што не ги оправда очекувањата. Од минатата година тој настапува за ПСЖ кој го купи од Барселона за 60 милиони евра.

Share
Scroll to Top