Кирјос: Останаа само уште неколку поглавја

Кирјос: Останаа само уште неколку поглавја

пред 7 часа

Австралискиот тенисер Ник Кирјос наскоро би можел да ја заврши професионалната кариера, барем ако може да се верува на неговата објава на социјалните мрежи.

Кирјиос објави црно-бела слика од себе покрај неколку фотографии со Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Венус Вилијамс со интересен опис.

„Тенис… Проклетство. Беше ова лудо патување!!! Се започна поради тебе. Засекогаш благодарен. Ги сакам сите мои навивачи. Остнаа уште неколку поглавја..“, напиша Кирјос.

Истиот ден Австралиецот објави дека планира да игра на Австралија опен во јануари 2025 година, а многумина протолкуваа дека кариерата ќе ја заврши по турнирот во Мелбурн.

Беше најавено и дека 29-годишниот најверојатно ќе одигра неколку турнири пред Грен слемот во својата татковина, за да биде максимално подготвен за Австралија опен.

Најдобриот пласман во кариерата Кирјиос го забележа во 2016 година кога го држеше 13. место на АТП листата. Вкупно освои седум титули, но се верува дека не го искористил целиот талент што го поседува.

Share
Scroll to Top