(Видео) Германците „удрија“ по Ноер: Тој е виновен за поразот на Баерн

(Видео) Германците „удрија“ по Ноер: Тој е виновен за поразот на Баерн

пред 7 часа

Германската јавност жестоко удри по голманот на Баерн, Мануел Ноер. Тој е виновникот за поразот на Баварците од Астон Вила (1:0) во второто коло, во Лигата на шампионите.

Ноер само беше Ноер претходната вечер во Бирмингем, тој беше надвор од шеснаесетникот за време на акцијата на Астон Вила и беше казнет поради тоа.

Колумбиецот Џон Дуран додека се уште беше на дуелот со Упамекан ја забележа „дупката“ што ја остави Ноер и фин лоб го совлада германскиот голман.

Баерн по којзнае кој пат настрада поради несериозноста на својот голман, кој не бега од вината, туку вели дека според планот бил поставен токму онаму каде што требало да биде.

„Сите кои ги гледаат нашите натпревари знаат дека генерално стојам подалеку од голот. Така играме и тоа го бара тренерот. Можеби требаше да застанам два метри поблиску до голот, но не сум сигурен дека и во тој случај ќе можев да стигнам до топката и да спречам гол“, изјави Ноер.

„Голот очигледно е негова вина“, изјави поранешниот играч на Ливерпул Дитмар Хаман за „Скај Спортс“ и дополни.

„Не знам што правеше надвор од 16 метри. Немаше опасност бидејќи Упамекано се уште беше во дуел со Дуран“.

Со Хаман се согласил и Михаел Балак.

„Ману е виновен за голот што го прими Баерн“, кратко и јасно изјави поранешниот германски репрезентативец.

Share
Scroll to Top