Хрватската пејачка Тереза Кесовија заврши во болница по падот на својот 86-ти роденден.
Легендарната пејачка нема да може да го прослави овој роденден бидејќи е во болница.
„Во болница сум. Извинете, не сум во можност да ви објаснам што ми се случи. Паднав, силно се удрив“, изјави таа за Net.hr. Таа истакна дека никогаш не обрнува внимание на својот роденден бидејќи мајка ѝ починала по породувањето.
„Така што, сеедно ми е каде сум. Денес сум, утре не сум. Не ја ни запознав мајка ми, ме роди и набргу умре. За мене е смешно да славам роденден“, додаде таа.
Кесовија беше хоспитализирана и минатата година кога со возило на брзата помош беше донесена во болница. Тогаш за хрватските медиуми призна дека доживеала срцев удар.
Текстот Тереза Кесовија падна и заврши во болница на својот 86-ти роденден е превземен од МАКФАКС.