Јувентус го сака Шкриниар како замена за Бремер

Јувентус го сака Шкриниар како замена за Бремер

пред 1 месец

Поради повредата на коленото со која се здоби на мечот од Лигата на шампионите со Лајпциг, најдобриот дефанзивец на Јувентус, Бремер ја заврши сезоната. Јувентус сега ќе мора да донесе замена за Бремер, што значи дека клубот ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.

„Газета дело Спорт“ пишува дека прв пик на „Старата дама“ е Милан Шкриниар.

Поранешниот играч на Интер речиси и да не игра кај Луис Енрике во ПСЖ. Од почетокот на сезоната одигра само 111 минути во Лига 1, додека во Лигата на шампионите не влезе во игра против Џирона и Арсенал.

Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2028 година. Челниците на ПСЖ би го поддржале трансферот бидејќи во случај да биде реализиран ќеослободат место во буџетот за плати. Шкриниар на годишно ниво заработува 10 милиони евра.

Словакот белсна во Сампдорија што му овозоможи трансфер во Интер за 34 милиони евра во сезоната 2016/2017.

Тој помина шест сезони во клубот од Милано и за тоа време ја освои титулата во 2021 година, два Купа и еден Супер куп, пред да се пресели во ПСЖ како слободен агент.

Покрај 29-годишниот словачки репрезентативец, како потенцијални замени за Бремер се споменуваат и фудбалерите на Арсенал, Јакуб Кивиор и Болоња, Сем Беукема.

Share
Scroll to Top