Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина денеска во Охрид

Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина денеска во Охрид

пред 1 месец

Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска.

Текстот Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина денеска во Охрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top