На преминот во новиот милениум Бил Гејтс, ко-основачот на Microsoft, направи серија технолошки предвидувања во својата книга Business @ the Speed of Thought.

Секако, тоа не значи дека Гејтс е Нострадамус, туку дека веќе во 1999 година имал длабоко разбирање за технологијата и правецот во кој таа се движи.

Еве 15 од предвидувањата на Гејтс кои се остварија.

Веб-страници за споредба на цени
Гејтс очекуваше развој на веб-страници кои овозможуваат споредба на цените на различни производи. Денес, ваквите платформи го олеснуваат наоѓањето на најдобрите зделки во речиси сите индустрии.

Мобилни телефони
Во својата книга, Гејтс ја предвиде сеприсутноста на мобилните телефони. Тој напиша дека „секој ден ќе носиме мали уреди кои ќе ни овозможат постојано да бидеме поврзани и да работиме каде и да сме“. Денешните паметни телефони ја надминуваат оваа визија.

Онлајн финансиски услуги
Гејтс предвиде дека луѓето ќе плаќаат сметки, ќе управуваат со финансиите и ќе комуницираат со лекарите преку Интернет. Денес ги користиме услугите за интернет банкарство и телемедицина, кои овозможуваат полесно управување со финансиите и здравјето.

Виртуелни асистенти
Иако не ги предвидел точно Алекса или Сири, Гејтс замислил лични асистенти кои ќе ги синхронизираат уредите, ќе собираат информации и ќе ги олеснат секојдневните задачи. Ова е реалност денес со бројни виртуелни асистенти.

Системи за домашен надзор
Гејтс замислил постојани видео преноси кои нè известуваат кога некој ќе го посети нашиот дом во наше отсуство. Денешните уреди како системот Google Nest го овозможуваат тоа.

Социјални мрежи
Гејтс опиша „приватни веб-страници“ за семејството и пријателите. Иако социјалните мрежи како Facebook, X и Instagram не се целосно приватни, тие овозможуваат постојана поврзаност со одредени групи луѓе.

Автоматски генерирани реклами
Гејтс замислил софтвер кој би предлагал понуди и активности на дестинации врз основа на нашите активности и купувања. Денес, алгоритмите за рекламирање користат слични податоци за да ги приспособат рекламите на нашите интереси.

Паметни реклами
Тој исто така веруваше дека уредите ќе ги знаат нашите навики за купување и ќе прикажуваат реклами според нашите преференции. Оваа форма на насочено рекламирање е многу присутна на Интернет денес.

Real time дискусии
Гејтс предвидуваше услуги кои ќе овозможат дискусии за, на пример, спортски настани во реално време. Денес, социјалните мрежи и спортските форуми им овозможуваат на навивачите да ги следат натпреварите и да коментираат настани во живо.

Линкови за време на ТВ пренос
Гејтс предвиде дека телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови до релевантни веб-локации и содржини поврзани со програмата. Денешните преноси често нудат QR-кодови или URL-адреси кои ги насочуваат гледачите кон дополнителни информации.

Виртуелни форуми за дискусија за социјални прашања
Гејтс замислил платформи каде граѓаните ќе можат да разговараат за локални прашања преку Интернет. Оваа визија денес се реализира преку бројни онлајн заедници и форуми.

Онлајн заедници засновани на интерес
Тој предвиде дека луѓето ќе бидат поврзани врз основа на интереси, а не на локација. Денес, платформите како Reddit овозможуваат глобално поврзување на луѓе со исти интереси, без разлика каде живеат.

Софтвер за управување со проекти
Гејтс замислил софтвер кој ќе ја олесни работата на деловните тимови. Апликациите како Slack и Microsoft Teams се денес клучни алатки за комуникација и организација во модерните канцеларии.

Регрутирање преку Интернет
Гејтс предвиде дека луѓето ќе можат да бараат работа и да се поврзат со работодавците преку Интернет. LinkedIn е денешната водечка платформа за професионално вмрежување и регрутирање.

Софтвер за деловни заедници
Тој замислил платформи кои ќе им овозможат на компаниите да се натпреваруваат за проекти и соработки. Денес, платформите како Upwork и Fiverr им олеснуваат на малите бизниси да најдат клиенти и работни места.

Инаку, документарецот за Бил Гејтс „What’s Next?“ беше објавен на Нетфликс.