Деми Мур за состојбата на Брус Вилис: Стабилен е, се видовме пред два дена

Деми Мур за состојбата на Брус Вилис: Стабилен е, се видовме пред два дена

пред 2 месеци

Актерката Деми Мур проговори за здравствената состојба на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.

Иако беа во брак од 1987 година, а се разведоа во 2000 година, Деми остана блиска со својот поранешен сопруг и години по разводот. Заедно имаат три ќерки. За време на говорот на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптон во неделата, Деми го спомна Брус.

„Го кажав ова и порано. Болеста е она што е. Мислам дека треба да имате длабоко разбирање за тоа. Тој е стабилен“, рече таа.

Таа потоа откри дека морала да се откаже од претходната верзија на Брус и да најде радост во сегашната.

„Она што јас секогаш го охрабрувам е да ги запознаеш луѓето такви какви што се. Кога се држиш за она што беше, мислам дека тоа е изгубена игра. Кога ќе ги сретнеш како што се сега, ќе ја сфатиш убавината и сладоста“, додаде таа.

Таа откри и дека го видела Брус само два дена пред да пристигне на филмскиот фестивал. Таа дојде да го посети со нејзината внука Луета, чија мајка е Румер Вилис.

Брус Вилис ретко се појавува во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа болеста напредуваше во фронтотемпорална деменција.

Share
Scroll to Top