(Видео) Германија ја победи Холандија, БиХ дома загуби од Унгарија

(Видео) Германија ја победи Холандија, БиХ дома загуби од Унгарија

пред 5 часа

Комплетирано е четвртото коло во групата 3, во А-дивизијата во Лигата на нации. Германија ја победи Холандија, а Босна и Херцеговина загуби од Унгарија.

Германците ја надиграа Холандија, но успеаја да постигнат само еден гол. Стрелец беше дебитантот Левелинг во 64.минута.

Играчот на Штутгарт постигна гол и во втората минута, меѓутоа голот беше поништен поради минимален офсајд.

За Левелинг ова беше деби натпревар во дресот на Германија.

Во Зеница, Босна и Херцеговина не успеа да и пружи отпор на Унгарија и покрај тоа што имаше свои шанси.

Капитенот Собослаи ги постигна двата гола во победата 2:0. Играчот на Ливерпул најпрвин погоди во 38.минута, а птооа од пенал во 60.минута го постави конечниот резултат.

По четири кола во групата 3 лидер е Германија со 10 бода, по пет имаат Холандија и Унгарија, БиХ е на последното место со еден бод.

Share
Scroll to Top