Килијан Мбапе е навикнат да биде во центарот на вниманието, но не на ваков начин. Наводно, фудбалерот на Реал Мадрид е обвинет за обид за силување додека бил на одмор во Шведска, а се појавиле нови детали, како и чекорите што Французинот ќе ги преземе.
Мбапе не одговори на повикот на селекторот на Франција, Дидие Дешамп поради лесна повреда, а периодот кога неговите колеги од репрезентацијата играа во Лигата на нации го искористи да замине во Шведска со своите пријатели.
За време на престојот во Стокхолм, Мбапе беше обвинет дека се обидел да силува девојка со своите пријатели, меѓу кои бил и Норди Мукиеле, играч на ПСЖ на позајмица во Баер Леверкузен.
Реал Мадрид не даде официјална изјава, но извори блиски до клубот велат дека ова е една од најголемите лаги во историјата на спортот.
Меѓутоа, шведската полиција не го кажува тоа. Дефинитивно имало пријава, а органите на редот во Стокхолм го посетиле хотелот во кој Мбапе ја поминал ноќта и излегле со полна торба со докази.
Адвокатите на Килијан Мбапе најавија тужби против шведските медиуми за уништување на угледот и честа на нивниот клиент.
Каков ќе биде епилогот, останува да почекаме…