Започнува новата 79. сезона во НБА, титулата ја бранат Бостон Селтикс

Започнува новата 79. сезона во НБА, титулата ја бранат Бостон Селтикс

пред 9 часа

Со натпреварот помеѓу Бостон Селтикс и Њујорк Никс во ноќта меѓу вторник и среда започнува 79. сезона во кошаркарската НБА лига. Во вториот натпревар од четиричасовната вечер ќе играат Лос Анџелес Лејкерс и Минесота. Титулата ја бранат кошаркарите на Бостон, кои минатата сезона во финалната серија го победија Далас со 4:1.

Актуелните шампиони Бостон се најголемите фаворити за титулата. На Истокот конкуренти ќе им бидат Њујорк, Филаделфија и Милвоки. На Западот погледите се вперени кон Далас Маверикс на Лука Дончиќ, Денвер Нагетс на Никола Јокиќ, односно Оклахома сити Тандер, Феникс Санс и Минесота Тимбервулвс.

Прашање е што можат Голден стејт Вориорс и ЛА Лејкерс во чии редови летово пристигна синот на Леброн Џејмс, Брони.

Сезонава ќе се игра и НБА купот кој ќе се одржи од 12 ноември до 17 декември. Финалето на НБА Купот ќе се одигра на 17 декември во Лас Вегас.

Регуларниот дел од сезоната ќе заврши на 13 април следната година. Потоа следува плеј-ин турнирот кој ќе се игра од 15 до 18 април.

Плејофот во НБА лигата започнува на 19 април, а финалната серија започнува на 5 јуни 2025 година.

Од 14 до 16 февруари следната година во Сан Франциско ќе се одржи „Ол-стар“ викендот во НБА лигата.

Share
Scroll to Top