Фудбалската легенда на Уругвај ќе дебитира како тенисер

Фудбалската легенда на Уругвај ќе дебитира како тенисер

пред 2 месеци

Диего Форлан, легендата на уругвајскиот фудбал, на 45-годишна возраст ќе дебитира во професионалниот тенис.

Како што пренесуваат медиумите во Монтевидео, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид и Интер е голем љубител на тенисот и наскоро ќе дебитира на АТП Челинџер.

На Светското првенство во Јужна Африка, Форлан ја подели титулата најдобар стрелец, го постигна најубавиот гол на турнирот и беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

По фудбалот, Форлан најде нова страст, тенисот, а турнирот во Монтевидео, каде што ќе се појави, еднаш во 2005 година го освои шампионот на Ју-ес опен од 2009 година, Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

„Внимание тениски и спортски фанови! Оваа година на на Уругвај опен имаме неверојатно дуо: аргентинскиот тенисер Федерико Корија и поранешниот уругвајски фудбалер Диего Форлан. Да, нашата „десетка“ е опсен тенисер. Оваа година Форлан се натпреваруваше на повеќе турнири во категоријата 40+ во Монтевидео, во Лима и на ИТФ мастерсот за ветерани. Форлан е леворак во тенисот, спротивно од тоа како играше фудбал. Што мислите за ова? Имате ли верба во ова дуо?“, порачаа организаторите на челинчерот во Уругвај.

Форлан има 45 години, а Корија 32. Аргентинецот моментално е 101. на АТП листата, а турнирот на кој ќе играат заедно започнува на 12 ноември.

Share
Scroll to Top