Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.
Уште 22 лица се повредени, а двајца се во критична состојба, изјави Али Јерликаја.
Повторувајќи го мислењето на неговиот колега член на владата Јасар Ѓулер, министерот Јерликаја рече дека сторителите зад денешниот напад најверојатно се членови на курдската милитантна терористичка група ПКК.
Сепак, се чека потврда бидејќи властите сакаат да ги идентификуваат напаѓачите.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Текстот Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција е превземен од МАКФАКС.